Thursday, June 2, 2011

Маче каде е топчето?

Во стилот на долгогодишните „продавачи“ на финтата „каде е топчето“, ликот од видеото се обидува да го збуни исклучително концентрираното маче. Тоа, без да трепне, само еднаш греши во својата проценка.
Сите други обиди за наоѓање на хартивчето се изненадувачки успешни. Или не предупредува дека мачињата, всушност, сè забележуваат, или ликот кој ја изведува фората не е доволно „спретен“ како оние на кои сме навикнати. Среќа типот немаше пари, мачево сите ќе му ги собереше.
 
http://youtu.be/EppdVuV0z8I

Мачки

Обичната мачка е најраспространетиот вид од фамилијата мачки: како дива или домашна (Felis ocreata domestica) ја има насекаде. Иако е припитомена, мачката не го загубила својот инстинкт на ловец и кога лови на жртвата ѝ се приближува со бесшумно прикрадување. И таа, како другите мачки, преде кога е задоволна. Со луѓето е од многу одамна. Во стариот Египет, мачката била дури свето животно. Бастет, на пример, била мачколика божица на музиката, на танцот и на мајчинството. За разлика од кучето, мачката е многу понезависна и приврзана им е само на оние што знаат да ја пленат! Се претпоставува дека домашната мачка потекнува од дивата мачка од стариот свет (Европа, Азија, Африка) која е малку поголема и има подолга опашка.






Сијамската мачка е првата која се разликува од другите раси на ориенталната мачка. Точното потекло на расата е непознато, но се верува дека е од Југоисточна Азија, и дека потекнуваат од исплашените мачки од храмовите од Сиам (денешен Тајланд). Во Тајланд, се едни од неколкуте природни раси на мачки, наречени „Вичин мат“- име што значи „месечев дијамант“. Во 20-тиот век, сијамската мачка стана една од најпопуларните раси во Европа и Северна Америка.

Историја

Обоената мачка, позната на Западот како “Сијамска “ е една од неколкуте видови на мачки од Сиам опишани и илустрирани во ракописите наречени „Тамра Миу” (Поеми за мачки), кои изгледа се напишани во 18 век. Често се велеше, дека таа раса на мачка за прв пат е видена надвор од Азија во 1884, кога британскиот Конзул-Генерал во Бангкок , Едвард Бленкау Гулд (1847-1916), ù однесе во Британија расен пар на мачки, По и Миа, како подарок за неговата сестра, Лилиан Џејн Велеј (Велеј е ко-основач на „Клубот на сијамската мачка“ во 1901година). Меѓутоа, во 1878 година, американскиот претседател Рутерфорд Б. Хејс добил “Сијамска мачка” подарок од американскиот Конзул во Бангкок ; оваа мачка е првата документирана сијамска мачка која достигнала до Соединетите Американски држави и ù претходи на сијамската мачка која што за прв пат била во Обединетото Кралство по шест години. Во 1885, мачките на Велеј, По и Миа, добиа три сијамски маченца. Трите маченца –Дуен Њаи , Калохом и Кромата – и нивните родители биле покажани истата година на лондонското шоу во „Кристал Палас“ каде што нивниот уникатен изглед и различно однесување оставиле голем впечаток. Но за жал, сите три мачиња умреле брзо после шоуто. Причината за нивната смрт не е позната.
Во 1886 година, друг пар(со маченца) бил увезан во Британија од г-ѓа Вивијан и нејзината сестра. Во спредба со британската кратко-влакнеста и персиска мачка , мачки кои им биле познати на повеќето Британци, овие Сијамски мачки имале подолги тела и помала шареност, немале многу округли глави и биле со клинести муцки и големи уши. Овие разлики и посебната обоеност на крзното, кое претходно Западњаците го немале видено, предизвика силен впечаток –дури и еден набљудувач ги опишал како „неприроден кошмар од мачка”. Овие впечатливи мачки, исто така освоиле многу посветени обожаватели и во наредните години љубителите на мачки увезале мал број мачки , кои заедно го формираат основната база за размножување на целата раса во Велика Британија. Се верува дека повеќето сијамски мачки денес во Велика Британија се потомство од единаесетте од овие оригинални увезувања. Неколку извори го посочуваат братот на Гулд, Овен Нуткоб Гулд(1857-1929) како британски Конзул-Генерал во Банкгкок, но Oвен бил само 27 годиниво 1884 година, и непопуларен во Бангкок. Во раните денови во Велика Британија биле наречени „Кралската мачка од Сиам” кое покажува дека претходно тие биле чувани само сијамското кралство. Понатамошното истражување не покажало доказ за некоја организирана кралска програма за размножување во Сиам.



Раси добиени од сијамски мачки

  • Балинезиска – Сијамска мачка со долги влакна. Во најголемиот американски регистар, „Здржението за љубители на мачката“(ЦФА), кои се ограничуваат само на традиционалните четири бои на обоеноста на врвовите на стапалата и лицето на сијамската мачка се темно кафената, сина (разредена сива), чоколадна, и бледо сивата (разредена од чоколадната). Други регистри во САД и во светот признаваат поголема разновидност на бои.
  • Бурмански- е раса на домашни мачки која потекнува од една посебна мачка ", Вонг Мау", која беше пронајдена во Бурма во 1930 година од д-р Јосиф Чесман Томпсон. Таа беше однесена во Сан Франциско, Калифорнија, каде што беше одгледувана заедно со сијамска мачка. Иако вистински не потекнува од сијамска, расата се смета за форма на сијамска за многу години, што доведе до вкрстување на животните (мачките).
  • Шарена мачка со кратко влакно – вид на Сијамска мачка регистрирана во ЦФА со шарени бои на крзното, за разлика од традиционалната ЦФА сијамска обоеност; првобитно развиена од спарување со други мачки со кратки влакна.Се смета за дел од сијамската раса во сите други здруженија за мачки, но во ЦФА се смета за посебен вид на мачка. Можат да постојат различни видови на мачка како, мачка со крзно како на рис и друг посебен вид на шарена мачка.
  • Хималајска – раса на мачка со долги влакна, главно е настаната од спарување на персиска со сијамска мачка или со домашни мачки кои имаат обоени врвови на стапала и лице и се со долги влакна, сè со цел да се задржат обоените делови од телото и чоколадната и бледо сивата боја на влакната. Овие првични спарувања беа користени за да не се мешаат боите, а понатамошното создавањето на расата беше направено со спарување само со мачки од персиска раса. Во Европа тие се наведени како обоени персиски мачки. Во ЦФА постои, поделба на бојата од расата персиски мачки.
  • Бомбалиска мачка - исклучително редок нов вид настанат од бомбејската мачка и сијамска. Тие се ограничени на на темно кафена обоеност, со црвена (портокалова) обеност и со црна обоеност.
  • Светло сиво обоена - телото е со светло сива и со нијасни на посветла сива боја на стомакот и градите. Нивните стапала и лица се темно сивкави. Сите сијамски мачки имаат темно- кафена обоеноста на стапалата и лицето. За овој тип на сијамски е важно тоа што, тие се родиле со светло сива обоеност наместо со темно кафена, па оттука и името светло сиво обоени сијамски мачки.
  • Јаванска – вид на шарена мачка со долги влакна во ЦФА. Во Европа, тоа е застарен термин за вид на мачка со долги влакна на типо ориентални мачки со кратки влакна.
  • Оцикет- мачка настаната со спарување на сијамска со абисиниска мачка.
  • Ориентална мачка со кратко влакно - сијамски стил мачка со необоени делови од телото, кои имаат линии низ телото, имаат цврсто тело, се со сребрено- пепеласта боја.
  • Ориентална мачка со долги влакна- мачка со долги влакна од видот на ориентална мачка со кратки влакна.
  • Сноушу- раса со кремаста и бела боја на телото со сини очи, со неколку шари кои настанале со спарувањето на сијамска и двобојна американска мачка со кратки влакна, во 1960 година.
  • Тајландска мачка- наречена и Вичин мат или стар стил на сијамска мачка, привобитен вид на сијамска увезен од Тајланд во 19-от век и сè уште постои во Тајланд, во првата половина на 20 –от век, единствениот вид на сијамска мачка на Западот. Таикаце.
  • Тонкинеска мачка- првично настаната со спарување на сијамска со бурминска мачка. Со спарување на тонкинеска со тонкинеска може да се роди со шара на бурминска мачка, типична сијамска, или тонкинеска „ визон“ шара, која малку личи на сијамска, но многу повеќе на бурминската, и е со сини очи.

Персиската мачка е по потекло од Персија. Таа е по должина помала од обичната домашна мачка. Нејзините влакна се долги, па затоа често мора да се четка, ненегуваните влакна на персиска мачка придонесува до оштетување на нејзината кожа. Таа е една од најстарите раси на мачки, и го добива своето име по земјата од која потекнува: Персија (Иран). Во Британија се нарекува the Longhair (Долговлакнестата) или Persian Longhair (Персиската долговлакнеста).
Селективното размножување го овозможило развивањето на широк број на бои на крзно, но исто така довело до создавањето на рамни лица кај Персиските мачки. Иако обожавана, оваа структура на главата може да донесе со себе голем број на здравствени проблеми. Како во случајот на Сијамската мачка, имало напори од некои луѓе кои ги размножуваат и одгледуваат овие мачки да го задржат постариот вид на мачка, со понагласена муцка, која е попопуларна кај генералната публика. Наследната болест на полицистични бубрези ги зафаќа речиси половина од популацијата на овие животни во некои земји.
Домашната природа на Персиската мачка претполага ова животно да се чува во стан/куќа. Веќе многу години е популарна во САД, иако нејзината популарност не е толку голема во Велика Британија и Франција.